Општина Кисела Вода предводена од Градоначалникот Филип Темелковски заедно со Советот на општината каде мнозинството е од редовите на СДСМ и коалицијата континуирано работат на подобрување на животот во Кисела Вода, изјави за медиумите Дарио Шимиќ, претседателот на Советот на општина Кисела Вода.
„Во таа насока е изградбата на новата модерна детска градинка во населбата Драчево. Оваа градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, која ќе биде енергетски ефикасна и ќе има капацитет да прими вкупно 125 деца.

Предвидено е да има и паркинг простор, а на површина од 1320 метри квадратни во план е да се изврши партерно и хортикултурно уредување.

Со изградбата на градинката после долги години конечно ќе се реши проблемот на жителите од оваа населба и ќе ги намалиме листите за упис на деца во градинките „8 март“ и „Пеперутка 1 и 2“ во Драчево.

Локалната и ценралната власт предводени од СДСМ постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.

И затоа посветено продолжуваме да работиме во интерес на нашите сограѓани!“, посочи Шимиќ.