Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн.Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради гасоводниот систем во државата, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизгради магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на магистралниот гасовод Штип – Радовиш- Струмица – Гевгелија. Исто така се предвидува изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево, магистралниот гасовод Свети Николе – Велес, магистралниот гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга, стои во партиското соопштение.
Од СДСМ потсетуваат дека факт број 1 е дека во 11 годишното владеење на ВМРО- ДПМНЕ, носечкиот проект во гасниот сектор беше поврзувањето со “јужниот поток” и склучување на договори со Руската федерација и ГАСПРОМ.
Се потпишуваа меморандуми и договори, се организираа безброј патувања до Москва и назад, но реализација на тој проект никогаш не се случи.
Имено, факт број 2 од другата страна на изборната програма на СДСМ од 2014 и 2016 година, јасно посочивме дека на републиката и треба нов гасен коридор со еден од соседите, во случајот Интаконектор со Република Грција. Денес тој проект е поддржан и од САД и од ЕУ, добиени се парични средства во вид на гранд, а проектирањето е во завршна фаза. Се очекува во текот на оваа година да започне делот на изградба и во 2021 да ги почувствуваме придобивките од тој интаконектор, информираат од СДСМ.