Во текот на месец февруари, на трансакциските сметки на граѓаните кои ревносно скенирале сметки во последното тромесечје од 2019 ќе легнат парите од повратот за ДДВ.
Проектот на Владата, ги зголеми и приходите на државата од ДДВ, а со тоа ја притисна сивата економија.
И додека граѓаните и понатаму можат да скенираат сметки, во тек е и големата наградна игра од проектот Мој ДДВ која е во организација на Македонската лотарија, а секојдневно се извлекуваат добитници.
Во периодот на првата исплата беа исплатени над 155 милиони денари на 144.000 граѓани.