Актуелната локална власт за две и пол години успеа да реконструира над 60 улици на територијата на Општина Ѓорче Петров.
Реновирана е улицата Алекса Демниевски во Ѓорче Петров и поставена е канализација. Нов асфалт добија и улиците Пробиштипска и Знеполе.
Општината од сопствени средства асфалтираше преку 30 тина улици во Волково и Кисела Јабука. Реконструиран е патот од село Кучково, до село Грачане во должина од 2.100 метри,со крак до крстот во Кучково.
Улица 5,7,9,11 и 1 во Кисела Јбука, како и улиците 51 и 52 во Стопански Двор се само дел од улиците кои се обновени во овој дел од општината. Тука се и улиците 46, 54, 56, 62, 64 и 66 во Кислеа Јабука.
Во Даме Груев реконтруирани се краците 1,3 и 5 дел од краците на Ул. Пекљане.
Заедно со градот Скопје, реконструирана е улицата Ѓорче Петров, улицата Борис Сарафов, Даутица која доби нов асфалт по 40 години, и уште многу други поголеми зафати, како што е изградба на нова улица за кружно движење кај гробиштата во Ѓорче Петров.