-Буџетот расте бидејќи се бориме против сивата економија, расте економијата. Ја затекнавме економијата во сериозна рецесија, денеска имаме раст!, порача Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал5.
Заев рече дека задолжувањата се за капитални инвестиции и враќање на кредитите, објасни Заев.
-Покажавме дека во нашата земја со рационално и домаќинско работење може да се обезбедат повисоки пензии, плати…, рече Заев.
Заев појасни дека во минатото обвинувале кога мегаломанските буџети се трошеле на врби, споменици, музеи, потсетувајќи дека денеска вложуваат во народот, младите, децата…