Собранието на предлог на СДСМ го усвои Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години во производните дејности. Со донесениот закон за млади се создава подобри услови за зголемување на стандардот и можностите младите да ја градат својата иднина во државата.
Една од мерките која се опфати со законот и Младински додаток од 3.000 денари, кој го добиваат младите вработени во производните дејности, оние што се самовработени, вработени преку приватна агенција, како и младите индивидуални земјоделци.
Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите. Со Младинската гаранција пак се опфатија над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив преку младинска гаранција се вработени 6.004 лица.Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 веќе се вработени во 2019 година.
Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите се намали на 35%, за споредба во 2016 кога тој процент беше 48,2.