“Не е прашање дали Заев ќе распише избори, па изборите се веќе распишани и тоа со консензус ДИК утврди рокови што значи дека изборите веќе почнаа и на едно место се прекинаа заради одредени причини. Сега нема пазарење дали ќе има или ќе нема избори. Прост пример, Македонија со еден брод е тргната накај Кина, фаќа големо невреме и бродот мора да се укотви на пола пат. Па што ќе направите кога ќе запре невремето, ќе се враќате назад или ќе продолжите од кај што сте застанале? Заев е сосема во право, а Мицкоски може да измислува како сака, тој е свесен дека во неговата партија е расуло. ВМРО ги губи изборите и тој во овие негови игри и услови останува сигурна опозиција и неговата кариера ќе заврши. Подобро да ја остави партијата некој друг да ја води, да бидат постабилни, бидејќи со него нема договор. Тој само кажува алгоритми и равенки, а ништо не кажува што треба да сработи” – коментар на гледач во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.
Почетна ГРАЃАНИТЕ VS ПОЛИТИЧАРИТЕ Мицкоски само кажува алгоритми и равенки, со него нема договор – коментар...
Мицкоски само кажува алгоритми и равенки, со него нема договор – коментар на гледач во “Здраво Македонијо” на Канал 5 ТВ
83







































