Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека блокадата на Собранието од опозицијата нема да трае неколку дена туку можеби и со недели и месеци, односно сè додека Владата не седне да разговара со нив и не се договорат за предвремени парламентарни избори.

Идејата за блокада Мицкоски вечерва ќе ја презентира на седница на Извршниот комитет, кој ќе донесе одлука дали партијата ќе преземе таков чекор во парламентот или не. Меѓутоа, вели партискиот лидер, нема да застанат тука.

Со ова Мицкоски повторно потврдува дека дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски.

Во блокадата на парламентот што ја најави ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи и партијата Беса, со која раководи Билал Касами.

Граѓаните се видно изреволтирани од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и јавно коментираат на социјалните мрежи.

„Уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против државата и против граѓаните“, ВМРО-ДПМНЕ само штета можат да му направат на народот…“, „Мицко спреми се за потоп и политички нокаут!“, се дел од коментарите, а повеќето се прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ знае нешто друго освен да блокира.

Во прилог проследете ги коментарите на граѓаните на социјалните мрежи:
21