Новиот в.д директор на ЈСП, поставен од градоначалничката Арсовска, побара помош од владата поради покачената цена на метанот.
– Бараме Владата да ја субвенционира разликата на цената на метанот или да ја замрзне на нивото на таа од декември, односно да застане во заштита на ЈСП Скопје, како компанија од јавен интерес и најголем корисник на метанот, истакна на денешната средба со новинарите, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Иван Илиевски.
После оваа изјава на Илиевски, следеа бурни реакции и негодувања од граѓаните по социјалните мрежи.
“Помош барај од тие што те поставија за директор, што бараш помош од владата, барај помош од Данела се удиравте во гради, мудрувавте еве ви шанса работите и не туку плачете и кукате само, начешлани во фотеља и друг да ви помага, мајката!” – реагира еден револтиран граѓанин.
“Ако цела МК плаќа за Скопје тогаш и патарина да плаќаат тие што не користат патарина.” – реагира друг граѓанин од внатрешноста.
“Абе вие сакате целиот македонски народ да купува метан на Скопје, па нормален ли си бе.”; “Така де. Нели со донации Данела се ќе прави. Само главен донатор треба да биде владата по нејзина пресметка.” – се само дел од реакциите на граѓаните.