Црвенковски ми се виде како јунакот во Ла линеа, Кавандоли му ја брише линијата позади, му ја исполнува дупката пред него, му црта нова рамна линија напред, па скали по кои се искачува на височините на славата со трибина од која само така подготвен можел да си дозволи да истресе вакво количество баналности, не нужно неточни работи, но банални, а во неговиот случај и бесрамни затоа што тој по сите негативности за кои зборуваше би требало да биде на клупата за обвинети, а не на конференции за научни откритија во областа на просерувањето. Од криминалната распределба на националното богатство (некои викаат на своите пријатели) преку класичната корупција, до пумпањето на администрацијата, крахот на медиумскиот сектор, поделеноста на чиј брод го инсталира едрото на груевистичкиот режим преку инсталацијата на малото шаткасто чудовиште во премиерската фотеља, до срањата во образовниот сектор, а, можеби, најмногу, во неверојатната потрошувачка на историското време во националистички и квазипатриотски илузии какви што беа битките за името или за нормативната гаранција на македонската етничка супериорност во статусот и во располагањето со институционалните и економски ресурси, бла бла бла…
За да говори вака како што денеска говореше Црвенковски човек мора да биде опериран од срам и страв.
И од морал, нормално.
Целиот фејсбук статус на Бранко Тричковски, прочитајте го на линкот подолу: