Коментари на гледачи во контактната емисија “Очи в очи” на 24 телевизија во однос на најновите бројки на новозаболени со коронавирусот:
- “Најмногу потфрли полицијата, односно Чулев со неговата изјава дека не треба да се казнува и дека ќе има толеранција. Тој со тоа непочитување и со тоа непостапување прави кривично дело, односно го загрозува здравјето на граѓаните. И тој и понатаму продолжува тоа да го прави, има ли некој да се позанимава со неговото однесување?”
- “Сето ова дојде затоа што полицијата не ги извршува своите работи затоа има групирања на луѓе, полни кафани, луѓето не носат маски и нормално е да дојде до ваква ситуација.”
- “За целата оваа ситуација е виновен министерот за внатрешни работи. Ја видовме Струга, ги видовме џамиите. Сите тие несериозности доведоа до ова, додека за разлика од него министерот за здравство Филипче повеќе од сто дена си ја водеше озбилно работата со неговиот здравствен тим. Целта е да се направи хаос во државата, да нема избори, да не се знае ништо, секој нормален човек ја разбира ситуацијата. Господинот Чулев не знае како се чува нација, тој знае ли што значи цела држава, народот да го чуваш?”







































