За СДСМ да одговори дали ќе има консензус за националните интереси, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ треба најпрво да каже што за нив претставува национален интерес. Дали ЕУ и НАТО се национален интерес, дали здравството и изградба на нов Клинички центар се национален интерес?
Овие прашања ги постави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за Топ Тема на Телма телевизија.
„Ние во Социјалдемократскиот сојуз сме отворени да разговараме за што било конкретно што ќе биде претставено“, рече Филипче.
Тој додава дека меѓународниот фактор и партнерите на земјата, САД, Европската Унија како и поединечните земји поддржувачи, испратиле силни пораки дека ниту Договорот од Преспа ниту Договорот со Бугарија можат да се менуваат. Наспроти тоа гледаме како со отворање на стари рани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, што ние чекавме да се затворат повеќе од три децении, ероитегративниот пат во моментов веќе е загрозен, смета Филипче.
„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со огромен број на гласови меѓу другото и поради тоа што кажуваа дека ќе обезбедат поповолна преговарачка рамка за нас за почеток на преговори. Ние ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме дали тие ќе испорачаат или не подобра преговарачка рамка“, рече Филипче.