“Нашиот став е јасен, мора во име на правдата законот за Јавно обвинителство да биде донесен. Еврокомесарот Вархеи беше многу јасен, сите залагања на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на криминалците во нивните редови не смее да помине. Ние постојано ги повикуваме сите партии, во име на правната држава да го подржиме овој закон. Морам да кажам дека не им е лесно на нашиот преговарачки тим кога од другата страна на преговарачката маса го имаат Антонио Милошоски кој е обвинет во случаите кои ги водеше СЈО, како и двајца адвокати кои застапуваат луѓе кои се исто така обвинети од СЈО” – рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов во вечерашната  дебата на телевизија 24, посветена на Законот за Јавно обвинителство.