Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, денеска оствари средби со претставници на здружението „Полио Плус – движење против хендикеп“ и со претставници од здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“.
На средбите Мизрахи се запозна со проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост и возрасните инвалидизирани лица. И вели дека заложба на МТСП е да изнајде решенија за унапредувања на инидвидуалните и колективните права согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Таа напиша дека претставниците на здруженијата сметаат дека државата треба да има поголем слух за нивните барања.
Едно од барањата е формирање на Регистар за лица со попреченост, поквалитетна здравствена заштита и вработување на поголем број стручни лица кои ќе им помогнат во олеснувањето на животот на овие лица.
Мизрахи изрази подготвеност за понатамошна соработка и вели дека МТСП посветено ќе ги решаваме проблемите на овие лица со предлагање нови политики и законски решенија коишто ќе ги креира заедно со претставниците на здруженијата и организации за лица со попреченост.