Како што пренесе порталот А1 он, денеска на Јутјуб каналот “Обнова на режимот” е објавена нова аудио снимка насловена како “Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид” во која главни протагонисти се повторно носителот на ИЕ 4 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во објавениот разговор се спомнува името на Нефи Усеини, советник во општина Охрид од ДУИ и сопственик на градежна компанија, кој исто така беше актуелен и како сопственик на неколку спорни дивоградби во Охрид. Од аудио снимката може да се слушне како Николоски не дозволува да се чепка местото каде треба да гради Усеини бидејќи тоа било дел од изборен договор на Усеини со ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски: “Ало министре”

Миле Јанакиески: “Шефе има некој план за Охрид? Гранит кај што ви се зградите…во продолжение на Гранит зградите…”

Александар Николоски: “Оооооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие, така?!”

Миле Јанакиески: “Четири згради се, да!”

Александар Николоски: “Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за изборите. По 8-9 спрата се.”

Миле Јанакиески: “Не, пет плус пет се.”

Александар Николоски:”Е, така. По 6 спрата. Никако, молим те!”