Го повикувам премиерот веднаш да одлучи да ја промени надворешната политика што ја следи. Да стави вето за Албанија. Да подготви, преку создавање на силна правна и политичка група на експерти, повлекување од национално опасниот Договор од Преспа. Да стави, како Бугарија, вето на секој чекор на Скопје, чиј иредентизам мораме сега и насекаде да го пријавиме. Целосно да се ревидира пријателството со Турција, со што во пракса ќе стане јасно дека не може да не уценуваат, да ни се закануваат, не се плашиме, истакна поранешниот грчки премиер Андонис Самарас.
На прашањата од надворешната политика, се осврна и поранешниот премиер Костас Караманлис и рече дека треба да се испрати јасна порака до Тирана и Скопје дека однесувања како тие на две земји кон Грција не може да се толерираат и повлекуваат последици, но и да се укаже дека патот кон Европа зависи од Грција.