Заменичката на претседателот на Владата Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заменик директорот на ПИО Илија Ивановски, претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери Станка Трајкова и градоначалникот Живко Гошаревски, денеска се сретнаа со пензионерите во Ресен. Тема на разговор беше престојното покачување на пензиите во политика и другите прашања поврзани со повозрасната популација.
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, нагласи дека секој граѓанин има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во плодовите од она што го сработиле во животот. „Се инвестира во развој на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови. Се работи на развој на центри за активно и здраво стареење на возрасни лица, кои ќе се користат за социјализација и дружење. Активно работиме на подобрување на услугите на центрите за социјална работа на локално ниво и ќе продолжиме да работиме напорно, затоа што секој заслужува достоинствен живот”, посочи заменичката министерка Шкријељ.
Заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување истакна дека пензиите и следниот месец ќе се исплаќаат без позајмици. “Приходите во Фондот се зголемуваат а дефицитот е намален за 10%. Тоа е резултат на зголемената уплата на придонеси и зголемувањето на бројот на вработени во државата”, рече Ивановски.
Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова истакна дека секој заслужува достоинствен живот и ова зголемување на пензиите ќе значи многу за пензионерите.