Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, (без потпис на заменичката Санела Шкријељ) го ангажирала Тавиќ Марио како возач во Секторот за правни, општи, нормативни и заеднички работи.
Ова е договорот до кој дојде Граѓански збор:
Ова лице стана познато пред неколку години кога тогашниот дополнителен заменик министер Диме Спасов, управувајки со возило од агенцијата за вработување, предизвика сообраќајна несреќа и им бегаше на алфите.
Спасов, како тогашен министер, откако ги остави џипот и девојката во него и побегна на полицијата, во меѓувреме, на лице место се појави лицето Тавиќ Марио кој тврдеше дека тој го управувал возилото со кое беа удрени неколку други возила во скопско, Тафталиџе. Полицајците кои го виделе Спасов како бега, го предупредиле Тавиќ дека лажно давање на исказ е кривично дело, тој одговорил потврдно и повторно тврдел дека возел тој а не министерот Спасов.
Отпосле и од снимката што ја објавија медиумите се виде дека со возилото кое предизвика сообраќајка управувал лично Диме Спасов, но за да ја ублажат состојбата, се измислија приказни дека наводно министерот го бркале албанци од Серава.
После оваа случка, Спасов се повлече од политиката, но гледаме дека сегашната министерка за возач немала кој, па го ангажирала лицето кое со давање лажен исказ пред полицијата сакаше да го спаси тогашниот министер Диме Спасов.