Денеска, директорката на УЈП, Сања Лукаревска имаше средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај, на којашто средба беше пренесено искуството за проектот Мој ДДВ.
“Албанските колеги кои се заинтересирани за воведување на ваква реформа и во Албанија имаа можност одблиску да го запознаат начинот на функционирање на МојДДВ и целиот оперативен систем! МојДДВ ги докажува добрите резултати и надвор од нашата држава!” – истакна Лукаревска.