Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, во Крива Паланка го пуштија во употреба новиот градски плоштад и градски парк.

03092021_zpvrsm_nikolovski_zpvrsm_bitikji_nov_gradski_ploshtad_kriva_palanka_6

03092021_zpvrsm_nikolovski_zpvrsm_bitikji_nov_gradski_ploshtad_kriva_palanka_3

Се работи за целосна реконструкција на плоштадот, практично нов плоштад, со зачувување на автентичните обележја. Изградбата опфаќаше партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.

03092021_zpvrsm_nikolovski_zpvrsm_bitikji_nov_gradski_ploshtad_kriva_palanka_1

„Овој плоштад му дава европски лик на градот и ќе биде место каде што не само жителите на Крива Паланка, туку и домашните и странските посетители ќе имаат можност да го посетат и да уживаат. Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот. После 40 години се рехабилитира регионалниот пат Крива Паланка кон Огут којшто завршува овие денови и од Крива Паланка до Луке. Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 21 километар и тоа беше првиот проект на којшто се фокусиравме. Завршен е уште еден, еден од најлошите патиштата тоа е Узем-Тораница. Во полна пареа е изградбата на експресниот пат едната делница од Крива Паланка до Ранковце, и во финална фаза е и другиот лот од изградбата. Се гради интензивно и третата лента од патот Крива Паланка до Деве Баир, а непречено се одвива и реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Страцин”, изјави вицепремиерот Николовски.