“Знаете, да излезете со теза, дајте ни 61 пратеник и после се ќе цвета, мислам дека не е теза за да се добијат избори. 61 пратеник повеќе никогаш нема да се повтори во македонскиот политички спектрум од ниедна партија, не само од ВМРО-ДПМНЕ.” – изјави претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски во Тешки муабети на Инфомакс.

-Авторитетот на ВМРО-ДПМНЕ е сериозно паднат помеѓу македонските граѓани. Во таа партија има неконзистентност во политичките ставови, во самиот врв на политичката партија. Мислам дека таму има и византиски игри, внатре. За жал јас не сум видел, ВМРО-ДПМНЕ да спомнат македонско национално единство, македонски национален стратегиски интерес. Место македонски народ, народот на Македонија, рече Ристовски.