Денеска во раните утрински часови на граничкиот премин „Деве Баир“ се одвивала вистинска драма.
Имено од страна на полициските службеници од „Деве Баир“ е спречено насилно влегување во РСМ од страна на двајца бугарски државјани кои со моторно возило БМВ без да да застанат на бугарскиот граничен премин со голема брзина дошле на граничкиот премин Деве Баир каде наместо да застанат и да им биде извшрена гранична контрола истите со возилото со голема брзина удриле во спуштените рами и влегле во државава упатувајќи се во правец на Крива Паланка.
Од страна на полициските службеници од граничниот премин биле превземени брзи мерки и по неколку направени обиди возилото било пресретнувано, а потоа и запрено, а лицата лишени од слобода и и против истите ќе биде пдонесена соодветна кривична пријава преку Основен суд-Крива Паланка.