Владата со ребалансот на буџетот крати на најуспешната програма за земјоделството – ИПАРД, за кое досега, според податоците, сме лидери во регионот по процентот на искористување на средствата за што бевме и како држава наградени преку зголемување на средствата за последната ИПАРД 3 програма.
Според пратеникот Љупчо Николовски, ребалансот на Буџетот е усвоен во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од мнозинството.
Пратеникот Николовски на кратко ги спомена и фактите кои се однесуваат на земјоделците во и со овој ребаланс каде вели дека со него:
– за жал нема да добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите на крај на 2024 год. затоа што ова не е приоротет за новата Влада како што беше за претходната,
– се крати на најуспешната програма за земјоделството во која инвестиравме најмногу и успеавме да бидеме лидери во регионот – ИПАРД,
– се крати на интервентниот фонд за земјоделците како успешна политика и
– се крати на сите нови и програми што донесоа резултати како програмата за социјална сигурност на жените, за здрав оброк во училиштата, за полски патишта, за микропроизводители на вино, за мали производители од животинско и неживотинско.