Интегрален текст од денешното обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Хуманитарен Базар пред седиштето на партијата Добар ден на сите, Почитувани другарки и другари, драги пријатели, Драг Андреас кој што е денеска со нас од сестринската Социјалдемократска партија од Австрија, кој што е овде по повод неговото лидерство на работната група на Европскиот парламент помеѓу Република Северна Македонија и Европскиот парламент. Драги сограѓани, почитувани членови на Владата, раководители на институции, социјалдемократи. Имам голема чест да го отворам овој хуманитарен базар организиран од нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија. Навистина честа е голема заради тоа што ја користиме приликата секогаш да ги покажеме нашите Социјалдемократски вредности. Солидарноста, хуманоста и меѓусебното почитување се основни Социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување , работење и функционирање како политички субјект во нашата земја. Вашето присуство денеска на сите овде покажувате дека силно ги поддржувате токму овие вредности. Со овој настан денеска овозможуваме преку нашите донации, преку солидарно донирање да им помогнеме на бездомните семејства кој што се сместени во згрижувачкиот капацитет во Визбегово, но и до сите наши сограѓани кои што се обратиле за помош до сите нас. Јас верувам дека ваквите Социјалдемократски вредности навистина испраќаат ја пораката на хуманост, солидарност, меѓусебно поддржување и почитување до сите граѓани во нашата земја. Во овој период, период на празници навистина треба да го отвориме срцето, да подадеме рака и меѓусебно да си помогнеме. Денеска има овде доста носители на јавни функции кој што институционално се вградени за нашата солидарност како општество ,за нашата хуманост и нашето помагање. Денеска имаме можност и со индивидуален чин како личен гест да направиме исчекор во меѓусебното помагање и почитување за оние на кои што им е потребна помош. Сакам да испратам порака до сите, овде на овие штандови преку купување на пијалок, преку купување на производите кои што се нудат но и преку донирање во кутиите кои што постојат или купување на некој од реквизитите дека директно ги помагаме овие наши сограѓани на кои што верувајте навистина им треба помош. И ве повикувам сите да продолжиме во духот на солидарноста и хуманоста како главни Социјалдемократски вредности заедно сите да градиме фер, праведно, едно и еднакво општество за сите. Со тоа го отварам овој хуманитарен базар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Благодарам |