За прв пат, после 2011г, ЛДП настапи одделно од долгогодишниот партнер, СДСМ. Либералдемократите, кандидати за градоначалници и советнички листи, заеднички поднесоа со партијата ДОМ. Но и двете овие партии на централно ниво се во коалиција со СДСМ и имаат свои претставници во извршната власт.

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски инаку актуелен заменик-министер за локална самоуправа во владата на Заев, си го тестираше својот рејтинг во Битола, каде заврши како третопласиран со освоени 3.343 гласови. Таму, во вториот круг ќе се борат Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Христо Кондовски од СДСМ.

analiza_izbori_bitola_2021

Разликата од околу 1.500 гласови од првиот круг во корист на Коњановски, може многу лесно да се стопи ако коалиционите партнери СДСМ, ЛДП, ДОМ ги здружат своите гласови. Во тој случај, огромни се шансите локалната самоуправа во Битола и понатаму да биде раководена од кадар на СДСМ.