Со над 2.000 потпишани договори и вкупна искористеност од 97% преку #ИПАРД2 програмата, Република Северна Македонија е лидер во регионот. Токму затоа со новата #ИПАРД3 програма #ЕУ ги зголеми средствата за 62%, со што на располагање имаме 97 милиони евра неповратни пари за модернизација на македонското земјоделство.
326523667_844081463332505_534688590632617930_n
Она што е новина со ИПАРД 3 е авансната исплата на 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот.
– Покрај ИПАРД во 2023 година ќе имаме и нови инвестиции, преку поддршка од Светска Банка за модернизација и изградба на трите најголеми капитални проекти, откупните центри во Ресен, Струмица и Скопје. За прв пат во државата ќе се изградат вакви современи објекти со кои преку безбедно отстранување на нус производите од животинско потекло, ќе придонесеме за намалување на стакленичките гасови, со што Северна Македонија ќе се приклучи кон агендата на климатски неутрална Европа.
323414737_933511004481027_1014704954030915089_n
Ова се дел од клучните поенти кои ги потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на „Година на нови можности“ Панел 4 – Рамномерен регионален и локален развој – придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството.