Уште едно признание за напорната работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е тоа што е рангирано како прво министерство и институција со најдобар антикорупциски перформанс, објави доскорешниот министер Љупчо Николовски.

“Ова е доказ и потврда на отвореноста, транспарентноста, интегритетот и грижата за буџетот на Министерството во изминатиот период.

Поставивме високи стандарди за што најголема заслуга има мојот млад тим со кој во Владата ги поставивме темелите на една нова позиција и план за антикорупциски политики” посочи Николовски.



Рангирањето е изработено од Центар за граѓански комуникации во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“, поддржана од УСАИД.

Линк до истражувањето: https://www.ccc.org.mk/…/rangiranje%20na%20instituciite.