Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски, во интервју за платформата Агротим најави продолжување на поддршката за малите семејни винарии но и нова програма за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10 000 евра.

-Ја продолжуваме и поддршката кон малите семејни винарии преку посебна програма за финасисрање на малите производители на вино, каде обезбедуваме грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на вино. Исто така нова програма креираме за поддршка на малите производители на храна, со грант до 10.000 евра наменет за набавка на опрема за производство и директна продажба, сакаме во наредниот период да поттикнеме развој на нови 2000 мали семејни бизниси кој ќе се регистираат во АХВ, произведувајќи нови традиционални брендови. Поддршка обезбедивме и за формирање на задруги, за да можеме да ги поттикнеме земјоделците да се здружат и да бидат поконкурентни на пазарите. Преку оваа програма предвидуваме поддршка од 3 милиони денари за веќе постојните задруги и 1.500.000 денари за новоформираните задруги.
Целиот овој нов модел има една цел, да обезбеди стабилно и зголемено домашно производство на храна. Долгорочна обезбеденост на државата со храна пред сè од сопствено производство, намалување на увозната зависност, а да го зголемиме извозот на домашни значајни култури и производи – вели Николовски.