Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објави уште една радосна вест, овојпат за сите ученици:
Од основните училишта во општина Центар, денес започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи.
Обезбедуваме здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.
317248593_679485640211942_6795641557727588812_n
317080468_679485390211967_1019374765844229580_n