По 28 Конгрес на СДСМ на кој беа презентирани носителите на листи за претстојните парламентарни избори, членот на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави уште поголеми субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра!
“Заедно постигнавме многу, заедно и ќе продолжиме до уште поголеми резултати.
Заедно и до ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!
Обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра! До 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!
Во новиот мандат на СДСМ, просечна плата од 1100 евра, минимална плата од 600 евра, просечна пензија од 500 евра.
ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!
Нема откажување од иднината!” – напиша на Фејсбук, Николовски.
Во Изборната единица 3, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски ќе бидат носител и коносител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата.