ДАЛИ КОВАЧКИ, ВМРОВСКИОТ КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК, ЗНАЕЛ ОДНАПРЕД ЗА БЕГСТВАТА НА Г.ГРУЈОВСКИ И З.ИВАНОВ
Што работеле службите под капа на ВМРО-ДПМНЕ, во предизборие во 2016 може да видите на снимките  Дали на Драган Ковачки, бивш шеф на воено разузнавање, а сегашен вмровски кандидат за пратеник, му е во опис на работно место да се среќава во предизборие во 2016 со обвинет од СЈО за тешки кривични дела – Горан Грујовски, екс началник на Петта управа⁉️ Во тоа време, Грујовски е обвинет за прислушување и уништување на опремата за слушање во ,,Тврдина-Таргет”, а Ковачки широкоградо го прима во сензитивно-безбедносен објект и во кабинет⁉️
И што става во гепек неговиот возач по средбата која, скандалозно, се одржала во објектот на воено разузнавање
За Грујовски е познато дека во Грција по изборите избега со дата база од милиони нелегални разговори. И не е познато што прави со нив за да се заштити себеси од грчка екстрадиција.
Не е познато ни дали тој стои и зад овие снимки од безбедносни камери.

На снимките објавени на канал ,,МВРО-АРМ” може да се види како се групирале вмровци на недела дена пред избори, во техничка Влада. Дали договарале логистика, бидејќи министер во МВР е Оливер Спасовски од СДСМ
Ковачки е шеф на воено разузнавање во тоа време, Грујовски е разрешен началник на Петта управа и обвинет од СЈО [сега во бегство во Грција], а Зоран Иванов е директор на Агенција за разузнавање[во бегство во Турција].

На сите овие прашања треба да одговори Ковачки, вмровскиот кандидат за пратеник, кој беше и прв предлог на Мицкоски за министер на МВР. Зошто се среќавал со некој кој го растури безбедносниот систем во државава.
Треба да одговори и Мицкоски – дали ова за него е пример за водење држава.

ФБ статус на Јорданка Ивановска-Јоци