Еден познат доктор вели маските не помагаат, треба инхалација…
Друг познат доктор вели инхалацијата не може да помогне, а дека маски мора да се носат…
Па првиот вели дека ни ракавици не треба да се носат…
Па трет доктор го демантира првиот…
Вториот доктор си ја корегира изјавата… Ама само донекаде…

Како беше она…
„Многу баби, дете килаво!“

Вистината е дека за овој вирус многу работи не се познати… Во таква ситуација, мислам дека треба да се следат советите од WHO… Светската здравствена организација…
И совети од мнозиството лекари, не од поединци што излегуваат со разни теории…

– Држете дистанца од другите луѓе, најмалку еден метар…
– Дезифинцирајте ги работите околу вас
– Мијте ги рацете МНОГУ ЧЕСТО (после секое фаќање на квака, производ купен во продавница итн.)
– Избегнувајте со немиени раце да си го допирате лицето (очите, носот, устата…)…

– Носете маски, особено во затворени простории… И особено ако во затворената просторија имате контакти со повеќе луѓе…
– Носете ракавици ако имате можност… Нека се и од најефтините…
– Ранете се здраво, пијте Це витамин, најдете екстракт од Ехинацеа, јакнете го имунитетот!

ФБ статус на Ацо Лукароски