На Мицкоски гасне ѕвездата, цуци. Ни он не конта, а ни ти. Го засени Рашел. А, он суетен…
Он сам ја направи ѕвезда. Па, уште и селфија, дисиденти, браос! Се`тоа нему врз глава ќе му се урне, таа ,,национал-романтичарска” кореографија, песни, ора и средновековна политичка пропаганда.

Овој па Дурло никако да сфати политика. Не му дојде памет после 27 април. Место да се бави со пеење, он упорно се меша кај не му е место.
Значи, цуци, вака стојат стварите. Вмројна во Рашелија си го пронајде она кое лани го бараше и го чекаше од Мицкоски – името не го даваме, некој да ги ,,попали”, да нарачаат пет ракии во кафана на ,,Бисер балкански” и да тргнат во освојување на Солун, т.е. да искршат пет кафани сосе келнери.
Ама, Мице си топлеше нозе во калчинки лани. Го даде ,,името”. Е, затоа, Рашел, сега ви е нешто ко женска верзија на Љубчо од 1992. Секако тоа во 2020 никаде не проаѓа, али терајте.

Е, сега она, кога ќе изгубите, ќе ви го замени Мице или ќе биде нешо таму вајспрезидент. Пошто е поголема ѕвезда од него. Ама, тогаш ќе се потсмири, ќе слуша меџународна, ќе биде кооперативна, па за некои 8 години ќе ве врати на власт.
Е, таќе некако стојат стварите.

Јоци