Дали се сеќавате!?
Тоа беа први денови од по масовните протести на Шарената револуција, се обидовме да ги пробиеме кордоните на специјалци кои не ни дозволуваа да се доближиме до “Шампитата“(Владата).
Кордонот беше поставен кај Соборниот храм на булеварот.
Беше некаде 15мин. до 18ч..
Во тој миг од влезот од Соборниот храм, излезе едно попче и ги заклучи сите влезови на оградата, дворот пред храмот, а потоа го заклучи и храмот.
Веднаш ми светна.
Но, немав време да ги предупредам сите, само тие во близина, оти синхронизирано, по затворање на портите да ни се намали простор за ескивација и бегство т.е. специјалците на Змијалков по лесно да не затворат во стапица, затоа беа затворени дворот на храмот и самиот храм дас не се криењме внатре… Тие крвнички тргнаа да тепаат млади девојки и момчиња, старци, граѓани на оваа држава, верувам дека меѓу нив имаше и многу верници, ние само баравме да го оствариме загарантирано право – на слобода на движење, за да стасаме до Владата.
Тогаш не само храмот туку и сите метални порти за во дворот беа затворени, а сега – за време на вонредна состојба (утре, задутре и во понеделник – во име на верски слободи ) ќе бидат ширум отворени.
п.с.
Ке има ли во сабота, недела и понеделник барем неколку полицајци кои, барем, ќе ги легитимираат тие што се причествуваат, за да се знае кои се потенцијални извори за зголемено ширење на КОРОНА низ државата!
Кордон знам дека нема да има!

ФБ статус на Југослав Петровски