Во знак на протест против, како што рекоа, незадоволството од ниските откупни цени на тутунот, вчера дваесетина тутунопроизводители од прилепскиот и долненскиот регион, ги блокираа влезовите во Прилеп.
Еве како еден од протестантите, преку личниот пример, ја образложи „оправданоста“ на протестот:
Тутунопроизводител: Че дојди тутуно, че ти кажи пресметката денеска на комбинато е 240 денари. А тутуно кај мене 170, како е 240?
Новинар: Вас толку ви помина?
Тутунопроизводител: Не, мене ми помина тутуно 220 денари!