Ах бре курирци, курирци. Да, Ве боли вистината. Ај вака да ви објаснам во однос на вашиот објавен текст:

1. Договорот (во прилог) што го посочувате и објавивте во вашиот текст е склучен од директорот на Хемиско, не од тогашната министерка Рената Дескоска.

2. Договорот датира од месец ЈУЛИ 2017. Да Ве потсетам, мојот прв работен ден како градоначалник е 25 ОКТОМВРИ 2017 или договорот е склучен 3 месеци пред да станам градоначалник. За потсетување, тогаш некој друг го водеше градот цели два мандати!

Еве, погодете од 3 пати кој беше тој. Мала помош: човекот не знае ни збор англиски. Италјански најверојатно добро збори, ама со прсти. Прашајте ги поранешните газди на Дрисла. Они се италијанци. Сигурно ќе ви кажат. Ви текнуе?

А впрочем, што пак јас со Вас се објаснувам. Подобро и да не Ви пишувам. Само ќе го цитирам мојот професор Ѓорѓи Марјановиќ: на глупавиот не можеш да му докажеш дека е глуп. Џабе се трудиш…

Петре Шилегов