Вмро во целава криза со коронавирусот се однесуваа како немирно дете во градинка.

Не ги почитуваа мерките (мицковски во повеќе наврати беше уловен како оди во теретани кои се со уредба затворени, во поголеми групи од двајца се шеташе по водно, наќе снима спотови со 80 возила), а во меѓувреме го напаѓаше Венко, мерките што ги спроведуваше Кризниот штаб, замислете се радуваа на бројките на мртвите и обвинуваа за неспособност, а кога од министерство за здравство ќе објавеа дека има помалку заразени, а повеќе оздравени пак критикуваа, обвинуваа за неспосбност(малку се тестирало, а до вчера направени се 17.539 тестирања). Пласираа лажни вести преку мицковски дека во државата имало уште 100 тестови а одтогаш се направија уште илјадници тестови, спинуваа и што ли уште не.

Резултатот на нивната деструктивна политика е 78,3 проценти поддршка од граѓаните за херојот на нацијата Венко Филипче. И тоа ги боли што црната кампања не им успеа. Рејтинзите си ги знааат(во последниов месец имаат пад за неколку проценти) и ќе направат се за да не одат на избори!

Затоа очекувам и се кладам дека во наредниот период нема да отстапат туку напротив ќе ја засилат црната кампања против Венко, здравствените работници и здравствениот систем преку проверена шема. Веста најпрвин во прашална форма ќе ја пласираат преку порталите подмачкани со маслиново масло од Будимпешта: Курир, Лидер, Инфомакс и Република, а наредниот ден на прес очекувајте ги мицковски, јанушев, николовски.

До крај ќе останат деструктивни и затоа на следните (брзи) избори ќе доживеат огромен пораз.

ФБ статус на Круме Смилков