“Не се согласувам со господинот Мицкоски. Тој упорно повторува дека тој предупредил и тој кажал сè однапред. Ама не е баш така. Фала му на Мицкоски, нема потреба тој да нуди способни кадри, има способни кадри и сега. Слушајќи го Мицкоски, со неговите излагања сакам да му кажам: Ако Мицкоски сака навистина да помогне на овој народ, само нека го донесе Груевски од горе во Македонија и тогаш ќе помогне на сите!” – ова е коментар на гледач во емисијата “Во тек” во врска со секојдневните излагања и критики на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за справувањето на техничката Влада со коронавирусот.

“Јас не знам зошто Мицкоски го напаѓа Рашковски. Нека си ги советува своите луѓе во Владата, нека си го критикува министерот за внатрешни работи, нека си ја критикува заменик-министерката за финансии. Нека си ги советува своите луѓе како да работат. Ова е исклучителна ситуација и нема што тука да се критикува.” – додаде друг гледач во продолжение.