Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија, гледачите со бурни реакции по повод вчерашните слики од Ѓурѓевденската литија во Струга во услови кога државата се наоѓа во вонредна состојба заради светска пандемија со коронавирус:

  • “Овде имаме непочитување на законите, не може туку така да се премине преку ова. И јас сум обичен граѓанин и сум верник. Не требаше верниците на ваков начин да постапуваат, не смееме да дозволиме непочитување на законите. Господинот министер за внатрешни работи каде е? Како ги казнуваше тие во Ченто, во Гевгелија? Каде е да излезе и да ги казни? Тој демек е професионалец кој гледа сè да биде во ред со државата. Тоа не е точно! Овдека се замижа за многу работи и има многу неправилности пред кои попушти. Не можеш да бидеш таков професиналец! Партиите се едно, законите се друго, болеста е трето и таа постои и не е измислена. Чулев ако е прав професионалец како што се декларира да излезе јавно и да каже како дојде до ова” – изјави гледачот.
  • “Пола од овие во литијата имаа маски, а половина воопшто не носеа маски. Полицијата седеше и не можеше да мрдне затоа што немаа овластување од господинот Чулев. Господинот Чулев треба да одговара, а исто и црковните власти. Го слушам вчера минстерот за здравство уште да заплаче. Жално е за медицинските лица ова што им се прави” – додаде гледачот.
  • “Очигледно некој сака да си игра со здравјето на граѓаните, па и со државата. Некој кој една страна им овозможува на граѓаните и на верниците да присуствуваат на вакви необезбедени собири, а од друга страна се јавува како нивен заштитник и замислете немало да ги казнува затоа што граѓаните и така биле јадни и страдни и останати без работа. Замислете ова е изјава на техничкиот експонент на опозицијата во Владата, дадена во функција на министер за внатрешни работи. Зар не е сè јасно?! Некој сака зајакнување на мерките и неукинување на вонредната состојба сè со цел да нема избори?! Свесно се работи на создавање на уставна криза и криза во функционирањето на државата?! Само да не одат на избори зошто им е јасно дека ќе ги изгубат!” – заклучи гледачката.