Коментар на гледач во денешното издание на контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија:

“Дали за овој народ нешто значи фактот дека Мицкоски за пари опструирал закон со кој треба да се бориме против криминалот, а сега тој истиот Мицкоски продава патриотизам и ветува ќе се борел против криминалот. Тоа е лицемерие!

Внимавајте еден куп професори и аналитичари во Собрание правеа будали од себе за Законот за јавно обвинителство кој Мицкоски вешто го опструирал затоа што им наредил на своите партиски пратеници да го опструираат законот. И сега таа истата партија излегува на полето на политиката и на овој ист народ му продава рози, ќе донеселе ова, ќе направеле тоа…Некои продаваат политика и патриотизам, а тие тој патриотизам го наплаќаат со милиони. Тоа е вистината за Македонија што некои луѓе уште не можат даја сфатат” – изјави гледачот.