На социјалните мрежи се споделува селфи фотографија од лица во кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на која може да се видат расфрлани кутии од цигари и компјутер на кој е вклучен фејсбук.
Револтирани граѓани коментираат дека вака не се води кабинет и дека ова не е грижа за земјоделците. Како е можно на биро да нема ниту еден документ, наспроти куп шишиња и цигари. Ова не е кафеана туку државна институција, реагираат граѓаните.