Во утринската програма на Канал 5 денеска се јави гледачка која го искажа своето задоволство од одлуката на министерството за здравство и владата да се зголемат платите на здравствените работници.

Браво на министерот што ги покачи платите на лекарите. Лекарите денеска се дефицитарен кадар, и ние страдаме што неможеме да фатиме ред и чекаме со месеци. Овие мерки ќе вродат со плод. Јас мислам дека оваа професија е посебна, докторот треба да има централно место, не треба да се изедначува со другите служби, треба да биде платен, зошто од неговото одговорно однесување зависи здравјето на човекот. Здравјето на луѓето е најголемото богатство и го поздравувам министерот што ја презеде оваа мерка. И не само на лекарите, туку и на останатиот медицински персонал, зошто дење-ноќе се со болните, заслужуваат да бидат платени и за да ние полесно дојдеме до нив и да имаме подобра здравствена заштита” – рече гледачката.