Во денешното издание на “Во тек” на 24 телевизија, гледачите со свое видување како би изгледал процесот на гласање на денот на изборите:

  • “Јас со години сум во избирачки одбор. Еве што ќе биде разликата од овие избори до сите претходни избори. Заштитните средства, односно маската, а растојанието од 2 метра и досега се одржуваше внатре, ако имаме 2 гласачки кабини внатре пуштаме само двајца. И да не е корона, тоа е правило. Во ходниците ќе се постави човек, ќе се одржува растојание. Добро ќе биде да се додадат барем 2 часа плус за гласање. Па гледаме и пред продавници и пред банки редови со растојание на 2 метра. Така ќе биде и пред гласачките места. Ако СЗО вика дека короната ќе постои до вакцина, тогаш што е проблемот во текот на јуни да не се спроведат избори? “
  • “Кога ние сме имале 100% излезеност па да имаме толкава гужва и тепачки пред врата за гласање? Секогаш се движиме максимум до 60%. Претпладне имате излезеност од едвај 20%, попладне уште 20% и навечер е најголема гужва. Нека се редуцира бројот на луѓе во избирачките одбори, еден нека кине ливчиња и нека проверува во гласачкиот список, еден нека прска и нека проверува лични карти. Сè се може ама ако се сака. Имаме анкети на кои опозицијата има наводна предност, а бега од избори, не можам да ги сфатам искрено.”
  • “Јас сум за избори. Вака не оди. Немаме парламент, имаме техничка влада, мешана е меѓутоа опозицијата само удира по владата, па јас како што знам во владата учествува и опозицијата. Никој самоволно не работи во таа влада, туку се договараат. Затоа мора да имаме политичка влада која ќе биди одговорна, а опозицијата тогаш може да биде конструктивна или да остане неконструктивна како што беше досега. Затоа и влеговме во ќорсокак. Треба во еден ден да се заврши цела работа и победникот што ќе биде прогласен да си оформи влада.”