Тој што е најодговорен за крвавиот четврток е избеган, тоа е Груевски, вели гледачка од Битола во емисијата Очи во Очи со Огнен Јаневски. Тој е прв а после се овие што се спомнати, мислејки на останатите обвинети за случајот со упадот во Собранието на 27 април 2017, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Владимир Атанасовски и Никола Бошкоски од УБК како и екс премиерот Никола Груевски.
“Ако правото се почитува тие треба да си го најдат местото кај што треба а не да се шетаат и после сите 300 циркуси што ги направија. Се гледаше уште тогаш дека Груевски тоа го организира”, завршува граѓанинот.