“Чулев е во прашање, не е шала!” истакна гледач во емисијата “Очи в очи” со Огнен Јаневски емитувана на ТВ 24, на темата “Нема гласање без важечки документи” која беше инцицирана како резултат на објавата на ДИК дека 38 000 готови лични карти чекаат неподигнати во МВР. Гледачот одговорноста ја лоцира кај техничкиот министер за внатрешни работи и смета дека треба да бидеме исклучително вимателни по ова прашање.
“Нормално е дека нема гласање без важечки лични документи меѓутоа не е задолжително тие да бидат пасоши, нормално може и со лични карти. Зошто се останати овие 38 000 лични карти, искрено ти кажувам кога Чулев е во прашање на сè треба да сме спремни. Ќе видиме, ќе излезе што е работава и како е бидејќи 38 000 лични карти се бројка, не се работи за 380 или 3 800.
Ќе видиме како и зошто се планира, времето ќе покаже.”
Повторувам, со овие 38 000 лични карти треба да сме многу внимателни што ќе се случи до крајот, бидејќи Чулев е во прашање, не е шала!” – посочи гледачот.