Гледач во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија со свој коментар во однос на понудените листи од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ:

“Како тоа ВМРО зборува дека кај нив сè е ново? Јас на листите не гледам некои нови личности, туку гледам личности за кои се водат некои судски постапки. Додека во СДСМ се работи за докажани личности кои во последните 3 години докажале дека се државотворни луѓе кои државата ја водат во демократскиот свет, во ЕУ и во НАТО алијансата. Знаат за што се борат, работат за државата која сме ја оформиле со тешки маки, со страдања, борби и губење на млади животи.

Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски, сака да ја направи партијата еднонационална и патриотска. Не оди на листа знаејќи дека ќе биде голем губитник. Човек кој не е од народот како ќе биде премиер. Мене не ми е јасно. Досега нигде во светот не сум чул дека човек да стане премиер, а да не излезе на гласачко ливче да си ги измери силите. Нему му е јасно, го подучил некој да се тргне е настрана бидејќи ќе излезе голем губитник. Како може Гордана Силјанска да биде надпартиски човек кога ги прошета сите партии. Затоа јас лично мислам дека СДСМ е државотворна партија која ќе биде победник и ќе формира влада.” – додаде гледачот.