Во емисијата “Очи во очи” со Огнен Јаневски емитувана на ТВ 24 гледач го изнесува својот став во врска со актуелните односи на политичката сцена:
“Партијата ДПМНЕ е една конзервативна партија од која отсуствува космополитизмот, односно антифеминистичка партија која само декларативно се залага за 50:50, а практично гледаме што се случува во реалноста и ги гледаме нивните настојувања. Конзервативноста оди до крајност затворајќи се длабоко во себе, пред сè од опасноста и стравот да не ги изгубат своите позиции во партијата, а тоа оди дотаму што ниту најпреферираниот член на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во ниту еден момент не се огради од почесниот претседател кој го напушти бродот, а сега си ужива во Будимпешта со нашите пари, односно парите на македонскиот народ. Имаа безброј прилики, ама немаат срце и храброст да се оградат од својот патрон. Затоа од СДСМ и коалицијата очекувам една голема победа, е сега ВМРО се прашува како ќе помине низ овие гранитни карпи со својот веќе дотраен брод.”– истакна гледачот.