Коментар на гледач во утринската контактна емисија “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија запрашан дали им верува на предизборните анкети.

“Анкетите се веродостојни и СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што СДСМ води државотворна политика, не е национал-романтизам како што е случајот кај ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е државотворна партија бидејќи со разумни политики ја доведе Македонија до НАТО и до прагот на ЕУ. Тоа покажува дека тие се многу посериозна партија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ние паметиме дека најголемото иселување од државава беше во времето на ВМРО, тогаш луѓето масовно бегаа од режимот, за младите немаше работа, ниту правдина, ниту ништо…не постоеше правдина во Македонија.

СДСМ е 3 години на власт и направи многу и во економијата и во правдата со цел младите да останат овде. Таа политика и тој елан кај младите да останат тука веќе започнува да се чувствува, односно нивната желба да опстојуваат тука и да створат свој дом” – изјави гледачот.