Гледач во контактната емисија “Во тек” на 24 телевизија со коментар за различните ставови на двете најголеми политички партии по прашањето за изборите.

“Имаше две средби, не се договорија. СДСМ, на чело со Заев, како датум го даваше 14 јуни секако во зависност од развојот на болеста, попуштање на истата и со сите сугестии на Комисијата за заразни болести и нормално нивната согласност кога ќе се намали притисокот на епидемијата да се одржат избори. Еве се обидоа и 21 јуни да биде, а причината е час поскоро да се искористи шансата да се спроведат изборите, а со тоа да се изберат нови институции кои ќе се фатат во костец со епидемијата. А во наредниот период може ќе дојде нов бран, па тогаш треба да има институции што ќе може да се справат.

Што имаме од другата страна? Од другата страна имаме несериозен претставник, партија во опозиција на чело со Мицкоски. Во зависност од нивните потреби ги менуваат ставовите, со лажна загриженост кон граѓаните само за добивање политички поени си играат со нервите на граѓаните. Прво, имаа предлог во јули, па август, па сега ај септeмври, играчки си играат. Со сета своја несигурност сакаат статус кво, сакаат анархија во системот, на секаков начин манипулираат и не сакаат избори. Зошто? Се плашат од граѓаните, а во меѓувреме чекаат и се надеваат на некаков хаос” – истакна гледачот.