Во денешното издание на контактната емисија “Во тек” еден од гледачите даде свој коментар на темата: “Добра вест во лоши времиња – Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ”:

“Има една стара поговорка: “Договор куќа гради”! Јас сум убеден дека ние куќата ја градиме благодарение на Владата што ја имавме на чело со Заев и на младите луѓе во Владата, од прв до последен. Благодарни сме што во ова време го имаме Филипче како министер, доктор по медицински науки, бидејќи не личи на таа позиција правник да стои.

Е, сега, има луѓе коишто ни на сонце не знаат да се насмеат, ги интересира само  водостој на реките, дали хидроцентралите ќе имаат вода. Тоа се такви карактери. Да не даваме паушални изјави, да не провоцираме и да бидеме луѓе.” – заклучи гледачот.